• понеделник, 23 декември 2024

Јово Вангеловски осуден за злоупотреба на службената положба и овластување

Јово Вангеловски осуден за злоупотреба на службената положба и овластување
Скопје, 4 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски е огласен за виновен и е осуден на една година и шест месеци затвор, но казната му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело, потврдија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје. -По изведените докази завршните зборови донесена е првостепена пресуда. Обвинетиот е огласен за виновен и определена му е условна осуда, велат од Судот. Вангеловски во четвртокот е осуден за „злоупотреба на службената положба и овластување“. дма/сст/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан