• понеделник, 23 декември 2024

ЈКП „Дервен“: Велешани да не фрлаат градежен отпад во контејнерите, затоа што предизвикува расипување на камионите за смет

ЈКП „Дервен“: Велешани да не фрлаат градежен отпад во контејнерите, затоа што предизвикува расипување на камионите за смет
Велес, 29 јануари 2022 (МИА) – Јавното претпријатие за комунални дејности „Дервен“ апелира до велешани да не исфрлаат градежен отпад во контејнерите на улица „Алексо Демниев“. Порачуваат дека тие контејнери не се наменети за ваков вид на отпад, затоа што може да настане оштетување на хидрауликата на камионот. Посочуваат дека ова не е првпат несовесни граѓани да фрлаат градежен отпад во контејнерите во градот поради што многупати дошло до расипување на скапиот камион за соборање на смет. Воедно тие ги потсетуваат граѓаните, дека ваквото ѓубре треба да се носи на депонија наменета за тој отпад во Велес на излезот од градот кон населбата Превалец.ад/свс/

Остани поврзан