• вторник, 24 декември 2024

Јермак: Шест цивили загинаа во денешното руско гранатирање на градот Костантинивка

Јермак:  Шест цивили загинаа во денешното руско гранатирање на градот Костантинивка

Киев, 2 април 2023 (МИА) - Шест цивили загинаа, а осум се ранети во денешното руско гранатирање на градот Костантинивка, во источна Украина, изведено утринава, наведоа украинските власти.

Костантинивка, град што пред војната имаше 70.000 жители, се наоѓа на околу 20 километри западно од Бахмут, епицентарот на борбите во последните осум месеци во кои руските сили се обидуваат да го освојат овој град.

-Русите извршија масовно гранатирање на градот Костантинивка, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинет на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

 
 
 

Јермак додаде дека во денешните гранатирања се оштетени  16 станбени згради, осум приватни куќи, детска градинка и една административна зграда. сд/

Остани поврзан