• петок, 22 ноември 2024

Јелен: САД воведоа санкции против ентитети што се поврзани со Хамас

Јелен: САД воведоа санкции против ентитети што се поврзани со Хамас

Вашингтон, 18 октомври 2023 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе санкции што имаат за цел да го прекратат финансирањето на Хамас, а се насочени, меѓу другото, кон „тајното инвестициско портфолио на Хамас“, финансиски посредник поврзан со Иран и виртуелната менувачница во Газа.

Според извршната наредба за борба против тероризмот, санкциите се воведени и се однесуваат на девет поединци и еден ентитет во Газа и земјите што ги вклучуваат Судан, Турција, Алжир и Катар, соопшти американското Министерство за финансии.

-САД преземаат брза и решителна акција за да ги погодат финансиерите и посредниците на Хамас по неговиот брутален и безобѕирен масакр врз израелските цивили, вклучувајќи и мноштво деца, изјави секретарката за финансии, Џенет Јелен.

„Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни чекори за да ја скратиме можноста на терористите на Хамас да собираат средства и да ги користат за извршување злосторства и тероризирање на народот на Израел“, додаде Јелен.

Санкциите на Министерството за финансии доаѓаат во време кога претседателот Џо Бајден е во посета на Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан