• понеделник, 23 декември 2024

Јаревски: Двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, ДКСК да отвори случај по допрен глас

Јаревски: Двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, ДКСК да отвори случај по допрен глас
Скопје, 23 август 2022  ДКСК да отвори случај по допрен глас, како Зекир Рамчиловиќ од СДСМ си ги вработи сопругата и синот во МВР.Откако стана пратеник од СДСМ, Зекир Рамчиловиќ првин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега и синот го вработи како полицаец.Во рок од нецели три години, двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, и сето тоа откако истиот е пратеник од СДСМ.Вработувањата на сопругата и синот на Рамчиловиќ се поклопуваат и со периодите во кои тој гласаше за сите национални предавства. Па се поставува прашањето, дали гласот на Рамчиловиќ за промена на името и за бугаризацијата за која гласаше неодамна се причината за кариерите на неговата сопруга и син?Штетата за Македонија очигледно е лична корист за Рамчиловиќ.Ја повикуваме ДКСК, веднаш по допрен глас да отвори случај за двете вработувања на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, за кои  постои основано сомнение дека се резултат на сериозно вмешување на политиката во институцијата, односно преку притисок на СДСМ и лично Оливер Спасовски.Спасовски треба да каже по кои критериуми се вработени двајцата членови на семејството Рамчиловиќ во МВР.Зекир Рамчиловиќ истовремено да не ја злоупотребува етничката припадност како бошњак, како услов за вработување, зошто на бошњаците, но и на сите граѓани на Македонија чии деца секојдневно ја напуштаат државата и одат на работа во странство им е преку глава од таквите како Рамчиловиќ, кои на грбот на политиката и со злоупотреба на етничката припадност иселија стотина илјади Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми, Турци во изминативе скоро 6 години.Очекуваме одговори, истрага и одговорност. ДКСК да не чека на совеста на Рамчиловиќ или Спасовски бидејќи истата ја немаат. Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан