• понеделник, 23 декември 2024

Јаревски: Дали со одлука на Влада ќе се бетонизира кај Алумина?

Јаревски:  Дали со одлука на Влада ќе се бетонизира кај Алумина?

20 декември 2023 

Дали Стевчо Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за со одлука на влада да се бетонизира кај Алумина?

Дали Стевчо Јакимовски побарал од Ковачевски да се прескокне Советот на општина Карпош и волјата на карпошани, само за да им успее бизнисот од 600 милиони евра?

Димитар Ковачевски да каже дали на средбата со Стевчо Јакимовски дал ветување дека ќе му ги одземе ингеренциите и ќе продолжи со планот за изградба на висококатниците кај Алумина?

Ковачевски да каже и дали Јакимовски пред него претставил план и податоци за сите градежни инвестиции во Карпош кои откако ќе ги преземе владата ингеренциите ќе може да се реализираат?

Дали зад планот на Јакимовски предложен до Ковачевски се крие уште поголема бетонизација и како тој одговорил на тоа?

Ковачевски да не се крие. Сопственик на земјиштето е Пуцко Петрол, фирма во сопственост на син на пратеникот од неговата коалиција.

Ковачевски да каже дали е спремен да го жртвува Карпош за бизнис зделката на Пуцко Петрол?

Прес-конференција на Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан