• петок, 22 ноември 2024

Јапонскиот Виш суд во Сапоро пресуди: Забраната на истополови бракови е неуставна

Јапонскиот Виш суд во Сапоро пресуди: Забраната на истополови бракови е неуставна

Сапоро, 14 март 2024 (МИА) - Јапонската забрана за истополови бракови е неуставна, пресуди денеска Вишиот суд во северниот регион Сапоро, што е прва ваква одлука на Апелациски суд за прашање што ги дели пониските нивоа на судството.

Јапонија е единствената земја од Г-7 без правна заштита за истополовите заедници.

Јапонскиот закон за семејство што го ограничува бракот со луѓе од различен пол е „неуставен“ и „дискриминаторски“, соопшти Вишиот суд, но го отфрли барањето на тужителот за компензација од владата.

„Произлегува дека склучувањето на истополови бракови не предизвикува штетни последици“, соопшти судот.

Обвинителот кажа дека „очекував конзервативна пресуда, но на крајот таа ги надмина сите мои очекувања. Не можев а да не заплачам“.

Расправата за тоа дали јапонските закони против истополовите бракови се неуставни предизвика поделби во пониските судови.

Иако анкетите во 2023 година покажуваат дека околу 70 отсто од јавноста ги поддржува истополовите бракови, конзервативната Либерално-демократска партија на премиерот Фуми Кишида е против нив. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан