• вторник, 13 јануари 2026

Јанчев: Од утре се отвора сезоната на Михајлово

Јанчев: Од утре се отвора сезоната на Михајлово

Кавадарци, 11 јануари 2026 (МИА) - Од утре се отвора сезоната на Михајлово, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во функција се двете скијачки стази – малата стаза со тепих-лифт, погодна за почетници и најмладите, како и големата стаза „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека патните правци до Михајлово се чисти и целосно проодни, а нивното одржување и чистење се врши континуирано. Работното време е од 10 часот. свд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан