Јанчев: Одлични услови на патеките во ски - центарот „Михајлово“ по новите снежни врнежи
- Февруари започна со стабилен снег и пријатна дневна програма, коктели, голем број посетители и позитивна енергија низ целиот ски-центар, соопшти Јанчев.
Кавадарци, 1 февруари 2026 (МИА) - Наврна 20 сантиметри свеж снег во ски-центар „Михајлово“, има одлични услови на патеките, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Ски-центар „Михајлово“ денеска во вистинска зимска атмосфера. Свежата снежна покривка, овозможува одлични услови на патеките. Февруари започна со стабилен снег и пријатна дневна програма, коктели, голем број посетители и позитивна енергија низ целиот ски-центар, соопшти Јанчев.
Тој подвлече дека патот до центарот е безбеден и прооден.
- Во раните утрински часови, зимската служба интервенираше на расчистување на новиот снег во Михајлово. Сообраќајот се одвива непречено, патот е чист и прооден, додаде Јанчев. свд/вг/
Фото: МИА Архива