• петок, 22 ноември 2024

Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни

Јанкоски: Новите иновативни технологии во платежните услуги ќе бидат безбедни
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - На почетокот од 2023 година стапува во сила новиот Закон за платежни услуги и платни системи, со кој се отвора поголем простор за развој на иновативни концепти во кои онлајн плаќањата нема да се извршуваат само со платежната картичка. Како што вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативни системи во Народната банка, на корисниците на финансиски услуги во блиска иднина ќе им бидат достапни напредни финтек-апликации преку новите дигитални технологии. Осврнувајќи се на безбедноста на потрошувачите при користењето на новите иновативни апликации за онлајн плаќања, Јанкоски во интервју за „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии, објаснува дека и кај нас ќе се применат најдобрите практики на Европската Унија во однос на безбедноста на онлајн плаќањата. -Со новитетите ќе се воспостави дополнително ниво на заштита преку примена на засилена идентификација, каде што идентитетот на корисникот се потврдува со биометриски податоци, внесување код, ПИН (добиен преку СМС) или со мобилниот телефон којшто го поседува корисникот. Ќе се применува и анализа на ризикот на трансакцијата, односно напредни системи коишто банките ќе ги имаат со цел да се открие невообичаено однесување на корисникот на платежната услуга. Примената на овие концепти на безбедност помагаат да се избегне можно злонамерно или измамничко однесување, истакнува Јанкоски. Усогласувањето со законите и регулативите на ЕУ извршено преку новиот Закон за платежни услуги и платни системи се однесува на поголема сигурност и безбедност на потрошувачите, како корисници на новите напредни платежни услуги. мч/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан