• понеделник, 01 јули 2024

Јанез Јанша: Интересно, слават победник во САД, а судот не одлучил

Јанез Јанша: Интересно, слават победник во САД, а судот не одлучил
Љубљана, 7 ноември 2020 (МИА) - Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, вели дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите се уште не донеле одлука за жалбите. „Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите дури не  почнаа да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Е, тоа е владеење на правото", напиша Јанша на Твитер. Во средината на неделата, Јанша на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ дека новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат. зш/

Остани поврзан