• петок, 22 ноември 2024

Јакин уште две години на клупата на Швајцарија

Јакин уште две години на клупата на Швајцарија

 

Цирих, 12 јули 2024 (МИА) – Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин (49) го продолжи договорот до 2026 година, соопшти денеска Швајцарскиот фудбалски сојуз (СФВ).

Договорот го продолжи и помошникот на Јакин, Џорџо Конти.

„Двајцата ќе продолжат да ја тренираат машката репрезентација и во иднина, по успешното ЕП 2024 и пласманот во четвртфиналето, соопшти СФВ.

Јакин беше ангажиран на почетокот на август 2021 година како наследник на Владимир Петковиќ.

Со репрезентацијата успеа да се пласира на СП 2022 како победник во групата пред Италија, а на ЕВРО2024 во Германија, кое ќе заврши в недела со финалето меѓу Шпанија и Англија, Швајцарија се пласираше во четвртфиналето, во кое загуби од Англија на пенали.

Во текот на својата кариера Јакин ги водеше Тун, Луцерн, Базел, Спартак Москва, Шафхаузен, Грасхоперс и Сион. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан