• понеделник, 23 декември 2024

Јакимовски на средби со граѓани во Кичево

Јакимовски на средби со граѓани во Кичево

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател од политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска одржа средба со граѓани во Кичево.

На средбата, како што информираа од неговиот Изборен штаб, Јакимовски ги презентираше програмските определби на коалицијата „Храбро за Македонија“, а се зборуваше и за актуелните проблеми на граѓаните. 

-Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски.

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, денеска во рамки на кампањата одржа средба и со жителите на Гостивар. Пред гостиварци тој говореше за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето од државата, кое рече се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури..

Зборувајќи за промената на Уставот, тој  упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.  

-Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски. вг/са/

Фото: ГРОМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан