• петок, 22 ноември 2024

Јадењето кикирики е благопријатно за срцето и телесната маса

Јадењето кикирики е благопријатно за срцето и телесната маса
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Бројни се причините зошто треба да се јадат кикирики и производи од нив - путер, масло и друго, но сега и науката потврди дека тие го продолжуваат животот... Кикириките се богати со здрави масти, протеини, растителни влакна, а содржат и повеќе од 25 есенцијални хранливи материи - витамин Б, аминокиселини, магнезиум, фосфор, калиум... Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија помагаат за поздраво срце и многу други придобивки за човечкото тело, пишува „Ит дис“. Грст кикирики содржи околу седум грама висококвалитетни растителни протеини, а богати се и со влакна, антиоксиданси и корисни фитонутриенти. Науката покажа дека печењето кикирики го зголемува нивото нутриенти, што ги прави овие јаткасти плодови уште поздрави. Мастите од кикирики се првенствено мононезаситени и полинезаситени, а познато е дека и тие, и тие помагаат во намалувањето на опасноста од срцеви заболувања. Кикириките лесно заситуваат, па помагаат и во контролата на телесната тежина. Истражувањата покажуваат и дека протеините помагаат и во регулирањето на хормоните на гладта, а влакната - на чувството на ситост. Ова е веројатно причината зошто оние кои често јадат кикиритки и други јаткасти плодови имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина. Трудот објавен во американското медицински списание „ЈАМА“ посочува дека кикириките воопшто придонесуваат за подолг и поздрав живот. Оние кои уживаат во јаткасти плодови, воопшто, се вели, имаат значително помала веројатност порано да умрат од која било причина. И неколку други поголеми испитувања со по неколку илјади учесници, исто така, водат кон заклучок дека кикириките, како дел од здравата исхрана, можат да го продолжат животот на човекот.  си/ссм/

Остани поврзан