• четврток, 04 декември 2025

Јавното претпријатие Комуналец Крива Паланка расчистува долови и врши замена на решетки за атмосферски води

Јавното претпријатие Комуналец Крива Паланка расчистува долови и врши замена на решетки за атмосферски води

Крива Паланка, 27 мај 2025 (МИА) - Екипи на јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка работат интензивно на расчистување од вегетација и наноси на долови во општината, а се врши замена и на металните решетки и сливници на атмосферски води.

Активностите, како што информираат од ЈП Комуналец, се реализираат периодов за да се избегне затнување на решетките и шахтите од атмосферските води предизвикани од интензивните врнежи од дожд.

Тим на ЈП Комуналец интензивно работи на санација на рѓосаните капаци и решетки, како и нивна замена со нови. Обновените решетки ќе придонесат за почиста животна средина, побезбедно возење и нормален проток на дождовните и отпадни води, како и грижа за пешаците.

Истовремено, периодов се врши и чистење на шахтите, за чисти и безбедни улици, како и заштита од потенцијални поплави. Работиме континуирано и посветено за чисти и безбедни улици, за убав и зелен град, велат од ЈП Комуналец, Крива Паланка.

Во рамки на редовните активности на претпријатието извршено е и чистење на Бојанов дол, каде се остранети отпад, талог од водните површини и грмушки. ид/сст/


Фото 
ЈП Комуналец Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан