Јавни службеници во посета на македонската амбасада во Тирана
- Во посета на македонската амбасада во Тирана, денеска беа учесниците од Република Северна Македонија на Тренинг/обуката за млади јавни службеници од земјите од Западен Балкан, што се одржува во албанскиот главен град.
Тирана, 7 јуни 2024 (МИА) - Во посета на македонската амбасада во Тирана, денеска беа учесниците од Република Северна Македонија на Тренинг/обуката за млади јавни службеници од земјите од Западен Балкан, што се одржува во албанскиот главен град.
Како што објави амбасадата тие имале средба со амбасадорот Данчо Марковски и неговите соработници.
Тренинг/обуката за млади јавни службеници од земјите од Западен Балкан е прва и инаугуративна образовна активност што се реализира од страна на Колеџот Европа во Тирана, а поддржана од Кралството Холандија. вт/дма/
Фото: Амбасада на РСМ