Јавен повик за поставување штандови за празниците во Неготино
- По повод новогодишните и божиќните празници и празникот „Богојавление - Водици“, Општина Неготино ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно - демонтажни обіекти на Градскиот плоштад, за периодот заклучно со 20.01.2026 година, дека можат да поднесат барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации, сѐ до нивно исполнување.
Неготино, 11 декември 2025 (МИА) - По повод новогодишните и божиќните празници и празникот „Богојавление - Водици“, Општина Неготино ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно - демонтажни обіекти на Градскиот плоштад, за периодот заклучно со 20.01.2026 година, дека можат да поднесат барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации, сѐ до нивно исполнување.
-Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат барање со платена административна такса до Општина Неготино - Одделение за урбанизам и заштита на животната средина. За закуп на јавен простор ќе се наплаќа надоместок и тоа: за продажен штанд во висина од 700 денари на ден, за штанд за продажба и подготвување на храна износ од 1000 денари на ден, се наведува во објавата на веб страницата на Општината.
Како што се појаснуваат, Општина Неготино ќе изготви пресметка во која ќе бидат наведени условите и начинот на плаќање на надоместокот за закуп на јавен простор.
-Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се земе предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот. Барателите можат да изнаімат продажен штанд за продажба на: греано вино, храна, печени костени, крофни и палачинки, кафе и топли напитоци, новогодишни пакетчиња, новогодишни честитки, сувенири и ракотворби, детски играчки, фотографија, се појаснува во објавата.
Поставените монтажно - демонтажни објекти, што ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10 до 22 часот, секој ден, во временскиот период до 20.01.2026 година.
-Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв доіден, прв услужен”. Напомена, строго е забрането поставување производи надвор од изнајмениот објект, се додава во објавата.свд/ар
Фото:МИА архива