• понеделник, 23 декември 2024

Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост

Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост

Кавадарци, 9 август 2024 (МИА) - Јавен повик до кавадарчани кои сакаат да бидат лични асистенти на средношколци со попреченост, е објавен денеска на веб-страницата на Општина Кавадарци. 

- Повикот се објавува врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци, во рамките на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, пишува во него. 

Може да се пријават евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Креирање можности за работа за сите“, со скратено работно време од  девет месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. 

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што три месеци ќе добијат задолжителна обука и шест  месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува девет месеци, во кои влегува обуката и работниот ангажман.

- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од три месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаени од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата што треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од девет месеци, статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош, за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, се вели во повикот. 

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во програмата.

- За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата Општинско-корисна работа, се предвидува паричен надоместок во висина од по 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест, пишува во повикот. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан