• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој, тема можностите за натамошно унапредување на партнерството

Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој, тема можностите за натамошно унапредување на партнерството

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој. 

-Го запознав амбасадорот Улусој со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата, изјавил Ѓорѓиевски по средбата.

Особено внимание било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.

Градоначалникот ја нагласил подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакнал континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.

На крајот, заеднички го потврдиле потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка.

Во делегацијата од Република Турција, предводена од амбасадорот Фатих Улусој, биле и Синан Танриоген - советник за трговија во Амбасадата на Република Турција, Ирем Нур Ташер - трет секретар во Амбасадата, Доукан Канан - помошник координатор на ТИКА Скопје, Бекир Ибиш  - претставник на Турскиот културен центар во Македонија, како и Осман Демирѓул, координатор на меѓународни училишта и претставник на фондацијата „Маариф“ во Македонија. сст/вг/

Фото Град Скопје

 

 


 

 

 

 

 


Со почит,

Остани поврзан