• петок, 05 декември 2025

Ѓорѓиевски и Стефковски на средба со пензионерите во Гази Баба

Ѓорѓиевски и Стефковски на средба со пензионерите во Гази Баба

Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалнмик на Скопје Орце Ѓеорѓиевски денеска заедно со сегашниот и кандидат за градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски, имаше средба со пензионерите.

- Боби, за мене еден од најдобрите градоначалници во Македонија, секојдневно покажува како вистински се грижи за оние на кои им должиме сѐ, нашите баби и дедовци, нашите родители. Преку финансиска поддршка за пензионерите со ниски примања, преку отворање клубови, подобрување на здравствената грижа и организирање настани, тој дава јасен пример што значи вистинска одговорност и човечност. И не само за пензионерите, Боби покажа грижа за секоја пора на нашето општество, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Кандидатот за градоначалник посочи дека заедно, со поддршка од Град Скопје, за Гази Баба доаѓа уште подобра иднина и оти ќе се инвестира таму каде што никој досега не ни помислил, ќе оставиме дела кои ќе се паметат и ќе обезбедиме иднина за нашиот народ тука, дома.

-За Гази Баба и за Скопје, најдоброто допрва доаѓа, посочува Ѓорѓиевски. ев/вј/

ФОТО: Ѓеорѓиевски Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан