СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта
- Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо.
Фото МИА архива