Ѓорѓевиќ: Подготвени сме и ќе дадеме сè за што подобар пласман
- Македонската машка јуниорска репрезентација „под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Риека и Опатија, Хрватска
Риека, 24.јули 2026 (МИА) – Македонската машка јуниорска репрезентација „под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Риека и Опатија, Хрватска.
Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија, а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап.
- Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување и да играме против најдобрите кошаркари од земјите учеснички. Добро се подготвивме во периодот кој е зад нас и верувам дека сме подготвени за сите предизвици што нè очекуваат. Како тим сме обединети, имаме одлична атмосфера и добра хемија, а сите размислуваме само за успех. Ќе го дадеме својот максимум на секој натпревар и ќе се бориме за што е можно повисок пласман“, вели капитенот на Македонија, Григориј Ѓорѓевиќ.
Македонскиот тим настапот на Европското првенство ќе го отвори вечерва со натпревар против Грузија, кој започнува во 20:30 часот.
Во групата „Д“ се и репрезентациите на Шведска, Босна и Херцеговина и Унгарија, а првите две селекции на табелата ќе обезбедат место во четвртфиналето на шампионатот. мн/
Фото: МКФ