• петок, 22 ноември 2024

Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава

Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава

 

Трнава, 9 мај 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина денеска втората пречка на фјучерсот во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во второто коло беше поуспешна од првата носителка Маи Хонтама од Јапонија, совладувајќи ја во два сетови со 6-3, 6-1).

Дуелот траеше два часа и девет минути игра.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против осмата носителка, Вероника Ерјавец од Словенија. ег ФОТО: МТФ

Остани поврзан