• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Чешка

Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Чешка
Оломоуц, 23 јули 2022 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Оломоуц, Чешка. Во полуфиналето, таа беше подобра од Русинката Дарја Астахова со 6:2, 3:6, 6:3. Македонската тенисерка ги загуби првите два гема, но со серија од шест последовни гемови потоа славеше со 6:2. По мал пад во вториот сет кој го загуби со 3:6, повторно се врати во игра во решавачкиот трет сет. За првото место на турнирот таа ќе се бори против чешката тенисерка, Сара Бејлек, која во полуфиналето ја победи Сада Нахимана од Бурунди со 6:3, 6:2. ар/сп/

Остани поврзан