• петок, 05 декември 2025

Ѓорческа избори финале на турнирот во Букурешт

Ѓорческа избори финале на турнирот во Букурешт

Букурешт, 13 септември 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. 

Таа денес во полуфиналето на W75 турнирот во Букурешт ја совлада првата носителка, Деспина Папамихаил од Грција со 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.

Ова е петто финале за Македонката во 2025 година и четврто последователно. 

Турнирот во Букурешт се игра за награден фонд од 60.000 долари. зс/

Фото: ТФМ

Остани поврзан