• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорчевска се пласираше во финалето на турнир во Кипар

Ѓорчевска се пласираше во финалето на турнир во Кипар

Ларнака, 16 март 2024 (МИА) - Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на турнирот во Ларнака, Кипар откако славеше против Нурија Бранкацио (Италија) со 2:0 (7:5, 6:4).

Утрешното финале во Кипар ќе биде можност за Ѓорческа да го освои првиот трофеј во 2024 година.

Противничка на Ѓорческа ќе биде петтата носителка на турнирот, Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 25 илјади американски долари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан