• понеделник, 23 декември 2024

Шумскиот пожар помеѓу селата  Оморани и Степанци на планината Мукос утрово се гасне и од земја и со воздухоплови

Шумскиот пожар помеѓу селата  Оморани и Степанци на планината Мукос утрово се гасне и од земја и со воздухоплови

Велес, 26 август 2024 (МИА) - Шумскиот пожар кој од саботата беснее на планинаа Мукос помеѓу селата Оморани во близиина на манастирот Свети Никола и село Степанци во близина на манастирот Света Богородица во Општина Чашка, утрово освен од земја се гасне и со воздухоплови.

-Од рано утрово во гаснење е вклучен хеликоптерот на МВР МИ-171, а од 10 часот во негово гаснење се вклучи и „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.

Инаку во негово гаснење од утрово се вклучени и пет лица од Општина Чашка, десет вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и 20 припадници на Армијата.

Како што информира за МИА Жаклина Гушева, директор на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми, пожарот бил пријавен во саботата попладне, а нивни вработени од вчера се вклучиле во негово гаснење. Воедно тие вчера правеле бразди-пресеки на теренот за да се спречи ширењето на пожарот и да ги спасат манастирите. ад/сст/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан