• петок, 03 мај 2024

Шумскиот пожар кај гостиварско Дебреше се уште активен

Шумскиот пожар кај гостиварско Дебреше се уште активен

Гостивар, 3 април 2024 (МИА) – Шумскиот пожар што вчера попладне се појави во атарот на селото Дебреше е активен и доколку има потреба ќе се делува со воздухоплови, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреше и Здуње е се уште активен, но со послаб интензитет.

- Екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк Шар Планина се на терен. Доколку проценат е потребна воздушна поддршка, во текот на денот истата ќе им биде испратена, вели Ангелов.

Екипите кои синоќа беа на терен работеле на заштита и спречување на проширување на огнот кон куќите на двете села. Утрово екипи на ТППЕ Гостивар се на терен и ја следат состојбата. згм/цр

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан