• понеделник, 23 декември 2024

Шукова - Лорковски: Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, обрска и можност за позелен раст и развој на државата

Шукова - Лорковски: Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, обрска и можност за позелен раст и развој на државата

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска оствари средба со директорот на енергетската заедница, Артур Лорковски.

На состанокот, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, директорот Лорковски информирал за тековните и идни предизвици на државите во регионот што, според министерските одлуки, споделуваат регионални предизвици, особено во делот на спроведувањето на Патоказот за декарбонизација и механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (carbon border adjustment mechanism).

- Со усвојувањето на Патоказот за декарбонизација во 2021 година, договорните страни се обврзаа на усвојување технички правила поврзани со мониторинг, известување и верификација на емисиите, како и развој на потребната институционална рамка која може да го олесни спроведувањето на мехнизмот за тргување со емисии на стакленички гасови (ETS) заснован на Европската шема за тргување со емисиите на сткленичките гасови. Дополнително, претстојното воведување на Механизам за јаглеродно прилагодување на границите во ЕУ во моментов предвидува можност третите земји да бидат изземени од неговата примена (во електроенергетскиот сектор) доколку се исполнети одредени услови. Тие услови вклучуваат воведување на цените на јаглеродот, како прв чекор, и имплементација на ETS со цена еквивалентна на ЕУ ETS до 2030 година, се наведува во соопштението.

Министерката Шукова се заблагодарила на досегашната поддршка на енергетската заедница, особено во делот на јаглеродната такса во нацрт Законот за климатска акција и истакна дека прашањето бара интеринституционален приод со почитување на принципот на праведна транзиција. цр/са/

Фото:  Министерството за животна средина и просторно планирање

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан