• понеделник, 23 декември 2024

Што сѐ се наоѓа во чантата на Кејт Мидлтон?

Што сѐ се наоѓа во чантата на Кејт Мидлтон?
Лондон, 4 јуни 2020 (МИА) - Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон е позната по тоа што самата се шминка... Таа навика не беше прекршена дури ни на денот на нејзината венчавка. Според критичарите, Кејт е вистинска дама која зрачи со едноставност и софистицираност и секогаш знае како суптилно да ги прикрие неправилностите, а да ги истакне своите адути. За истакнување на своите секогаш насмеани очи, без подочници, таа го користи коректорот „Туше еклат“ на Ив Сан Лоран. За блескав тен пак, таа во чантата ги има „Боби Браун“ пудрите. Брендот „Боби Браун“, таа го претпочита и кога се работи за кармин. Станува збор за кремастиот светски хит „Сендвошд пинк“, што, по некоја случајност, и нејзе ѝ е омилен. Во чантата на војвотката ќе најдете и „Боби Браун“ руменило и црна „Дарк брау“ гел-маскара за веѓи. Натаму - „Нејкед“ палета на „Урбан Дикеј“, „Ланком артлајнер“ туш за очи и „Ланком хипноз“ маскара.  си/сд/

Остани поврзан