Штипјани реагираат дека во центарот се појавиле бездомни кучиња без маркици
- Граѓани на Штип реагираат дека од вчера низ улиците во централното градско подрачје се забележани нови кучиња, кои немаат соодветни маркици и преставуваат опасност за нив. Тие бараат од надлежните да излезат на терен и да регираат. Раководителот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски вели дека пријава пристигнала и кај нив и дека ќе се постапи по истата.
Штип, 15 март 2023 (МИА) - Граѓани на Штип реагираат дека од вчера низ улиците во централното градско подрачје се забележани нови кучиња, кои немаат соодветни маркици и преставуваат опасност за нив. Тие бараат од надлежните да излезат на терен и да регираат. Раководителот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски вели дека пријава пристигнала и кај нив и дека ќе се постапи по истата.
-Вчера добивме пријави дека нови кучиња има и денеска. Бевме на терен со комуналниот инспектор и забележавме дека има нови кучиња, необележани. Веќе е пријавено во економскиот оператор „Тодор Велков“ и наредата недела ќе ги заловиме овие кучиња. Овие кучиња не доаѓаат сами од себе, најчесто се од неодговорни сопственици, кои ги пуштаат своите кучиња да скитаат по улиците, вели Ѓоргиевски.
Посочи дека во соработка со комуналниот инспектор почнале акција со кој опомени и казни ќе се пишуваат на сопствениците кои своите миленици кучиња ќе ги остават на улица.
-Со комуналниот инспектор веќе почнавме и една акција за оние кучиња за кои ќе утврдиме кој е споственик ќе му се пушти опомена, а во следна фаза ако кучињата пак бидат забележани на јавна површина ќе следува глоба, додаде Ѓоргиевски.
Акциите за заловување на бездомните кучиња се спроведуваат секоја недела на разна локација во Штип по пријава на граѓани. Минатата недела се заловуваше во населба Леваци, во центарот на Штип како и во населбата Осми Ноември.вдј/бт/