• петок, 28 јуни 2024

Штипското училиште ,,Коле Нехтенин" доби фитнес сала

Штипското училиште ,,Коле Нехтенин

Штип, 9 Ноември 2023 (МИА) - Средношколците од електро-машинското училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип од денеска добија нова опремена фитнес сала. Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева вели направите кои ги набави училиштето треба да придонесат во подобрувањето на квалитетот на наставата по Спорт и спортски активности, но и да го градат спортскиот дух кај учениците.

- Денес во СОУ „Коле Нехтенин“ и официјално ја пуштаме во употреба новата фитнес сала или теретана за учениците. Целта на овој проект беше да ги анимираме учениците, да се збогати часот по Спорт и спортски активности, да го негуваат спортскиот дух, да сакаат да вежбаат, да се анимираат, бидејќи знаеме дека спортот ги воспитува, ги дисциплинира и ги поттикнува позитивните навики кај нив, вели Шалева.

Таа посочи дека новите фитнес направи се набавени со средства кои училиштето ги добива по основа на искористување на спортската сала.

- Идејата беше средствата коишто ги добиваме наменски од искористување на спортската сала да ги искористиме за збогатување на часот по спорт и спортски активности, рече Шалева.

Станува збор за инвестиција вредна околу 150.000 денари, која, како што вели директорката Шалева, иако е мала, сепак значително придонесува во образованието и воспитувањето на учениците од ова училиште. вдј/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан