• петок, 22 ноември 2024

Штипски „Исар“ ќе бара одговорност за подметнатиот пожар на депонијата „Трешена Скала“

Штипски „Исар“ ќе бара одговорност за подметнатиот пожар на депонијата „Трешена Скала“

Штип, 18 јули 2022 (МИА) - Непознат сторител го подметнал пожарот на депонијата „Трешена Скала“ во близина на Штип.  Истурено моторно масло  доведе до горење на отпадот и црн чад. Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Трајче Здравков кој беше на лице место истакна дека дополнително, искршен е и видео надзорот кој беше поставен на депонијата, па за сега сторителот е непознат. На лице место во гаснењето на пожарот беше екипа од ТППЕ Штип.

-Пожарот беше лоциран од стручни служби и противпжарната служба дека има истурено масло и друг вид суровински материјал што е запалив. Контролите кои што се прават од наша страна на секој час според насоките од инспекциски надзори се уредни, депонијата е исчистена и изминатите денови немаше никакви проблеми со градската депонија. Во овој случај сторителот ќе биде пријавен до надлежните служби, бидејќи ова намерно потпалување на градската депонија, веќе се случува повеќе пати со што се додведува во опасност и функционирањето на претпријатието и здравјето на граѓаните. Ќе бидат поднесени соодветни пријави против за строителите засега непознати кои го имаат направено потпалувањето, рече Здравков.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се осумина пожарникари и три возила, само за два часа осумпати се враќале цистерните да се полнат со вода. Пожарот е се уште активен и пожарникарите се на депонијата. Тешко се гасни огност, бидејќи е запалено моторно масло и гуми.

Минатиот месец на градската депонија во Штип се направи вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за заштита на животната средина и беа дадени рокови да се отсранат недоследностите при депонирање на отпадот. вдј/сст/ 

Остани поврзан