Штипски „Исар“ почна да доделува бесплатни канти за социјално ранливите семејства, пензионерите со ниски примања и лицата со инвалидитет
- Директорот на ЈП „Исар“ - Штип, Александар Арсовски, на денешната прес-конференција истакна дека од страна на Општина Штип им се доделени над 1.216 канти за отпад.
Штип, 27 февруари 2025 (МИА) – Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна да ги доделува бесплатните канти за социјално ранливите семејства, пензионерите со ниски примања и лицата со инвалидитет.
Директорот на ЈП „Исар“ - Штип, Александар Арсовски, на денешната прес-конференција истакна дека од страна на Општина Штип им се доделени над 1.216 канти за отпад.
-Денес на дел од жителите на улица „АСНОМ“ на улица „Панко Брашнаров“, кои гравитираат на потегот кон Мирјанина црква бесплатно им доделуваме вкупно 126 канти, односно 126 семејства денеска ќе добијат бесплатни канти за одлагање на комуналниот отпад, вели Арсовски.
Тој истакна дека на овој дел од градот се соочуваат со создавање на диви депонии и екипите на ЈП „Исар“ постојано интервинираат и ги чистат.
Истакна дека комуналните возила од утре редовно ќе го собира отпадот од овие две улици. Арсовски најави дека наредните денови ќе бидат доделени и останатите бесплатни канти за отпад на пензионерите со најниски примања, лицата со инвалидитет и на семејства од социјален ризик.вдј/ар
Фото:МИА