• петок, 22 ноември 2024

Штипските пожарникари имале седум интервенции на запалени оџаци

Штипските пожарникари имале седум интервенции на запалени оџаци

Штип, 15 јануари 2024 (МИА) -  Пожарникарите од штипската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) имале седум инстервенции на запалени оџаци за само една недела. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека ако се земе предвид дека две интевенции биле викендов, може да се каже оти во просек секој ден се гаснел по еден ваков пожар.

-Овој период за разлика од минатите години имаме намален интензитет на запалени оџаци, сепак имаме такви интервенции. Во последниот период, еве, за една недела имавме околу седум запалени оџаци. Викендов имавме околу четири интервенции, две технички и два запалени оџака, вели Коцев.

Тој вели дека запалените оџаци се честа појава во текот на грејната сезона и претставуваат опасност за поголеми пожари.

-Освен оџаците, овој период имаме и запалени возила, сѐ уште има запалена сува трева на некои места, но, секако, овој период се најзабележителни пожарите на оџаци, рече Коцев.

Тој упати апел до домаќинствата кои се греат на огревно дрво, меѓутоа посочува дека граѓаните годинава, очигледно, се со повисока свест, зашто бројката на вакви интервенции е значително намалена.

-Како и секоја година, така и оваа година даваме апел до сите – редовно да ги чистат оџаците, еднаш до двапати барем годишно. Да внимаваат што ќе стават, да не ставаат кесиња, пластики, бидејќи од кесињата и пластиките се создава таа смола, од која потоа доаѓа до запалување на оџаците, додаде Коцев. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан