Штипските основни и средни училишта бараат паралелки со помал број ученици
- Штипските основни и средни училишта од Советот на Општина Штип побараа да формираат паралелки со помал број ученици. Директорите на училиштата кои ги презентираа барањата пред советниците ист
Штип, 15 јули 2022 (МИА) - Штипските основни и средни училишта од Советот на Општина Штип побараа да формираат паралелки со помал број ученици. Директорите на училиштата кои ги презентираа барањата пред советниците истакнаа дека секоја година се соочуваат со помал број ученици во прво одделение, но и во прва година во средните училишта.
Од основните, за помали паралелки во прво одделение согласност бараат основните училишта „Ванчо Прќе“, „Славејко Арсов“ и „Гоце Делчев“, а ваков проблем немаат основните училишта „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“.
Проблем со запишувањето во прва година имаат сите средни училишта во Штип. Текстилното училиштето „Димитар Мирасчиев“ бара помали паралелки за речиси сите профили. Гимназијата, пак, сите седум паралелки да бидат со помал број. Медицинското училиштето „Јане Сандански“ нема проблем само со профилот медицинска сестра, а во електро-машинското училиште „Коле Нехтенин“ дури пет паралелки треба да бидат со помалку ученици од законски дозволениот број.
Одлуките за паралелки со помал број ученици или комбинирани паралелки за сите основни и средни училишта во Штип од страна на Советот на Општина Штип се донесени едногласно. Дозвола за ова има и од Министерството за образование и наука, но од таму сѐ уште се чека информација за тоа колкав ќе биде дозволениот број ученици во една паралелка. вдј/цр