• сабота, 06 декември 2025

Штипскиот судентски дом ќе се реконструира наредната година

Штипскиот судентски дом ќе се реконструира наредната година

Штип, 12 јули 2025 (МИА) - Реконструкцијата на Државниот студентскиот дом (ДСД) „Браќа Миладиновци“ во Штип е одложена за наредната година.

Директорката на ДСД „Браќа Миладинови“ Гордана Барбашка вели дека ова лето, кога домот ќе биде празен, ќе се извршуваат тековни активности во рамки на самиот студентски дом. Ќе се работи на санација на санитарни чворови и други поправки.

-Реконструкцијата на домот и проектот кој го предвидува Владата, односно МОН е одложен за следната 2026 година. Ние летниот период ќе правиме интерни санации како обелување, санација на санитарни чворови, изјави Барбашка.

Таа вели дека од четири до шест ученика, односно студенти се сместени во една соба во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“. Има три занимални, каде има можност да се учи.

Реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип треба да опфати промена на покривната конструкција, поставување фотоволтаици, промена на водоводната и електрична мрежа, со цел подобрување на условите за средношколците и студентите. вдј/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан