Штипскиот командир на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА: Македонскиот спасувачки тим во моментов работи во три големи урнати објекти
- Вториот македонски конвој составен од спасувачи пожарникари од неколку општини и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, веќе втори ден трагаат по живи луѓе, но и извлекуваат и починати од урнатините во зградите во градот Адијаман во Турција, вели во телефонски разговор за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев.
Штип, 11 февруари 2023 (МИА) - Вториот македонски конвој составен од спасувачи пожарникари од неколку општини и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, веќе втори ден трагаат по живи луѓе, но и извлекуваат и починати од урнатините во зградите во градот Адијаман во Турција, вели во телефонски разговор за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев.
-Моментално работиме во три разрушени објекти, акцијата се одвива комплетно со целиот македонски тим, со помош на турските пожарникари. Од раните утрински часови, па се до ноќта сме во акција за извлекување на затрупаните тела од урнатите објекти, изјави Коцев.
Прашан дали постои барем мала надеж дека и денеска ќе пронајдат живи луѓе под урнатините, Коцев вели дека македонскиот тим синоќа спасил една жена.
-Жената е на 35 или 37 години возраст, а денеска за жал до овој момент извлекуваме мртви тела од рушевините. Глетката е страшна на затрупаните тела, овде се нивни пријатели, роднини, семејства кои ичекуваат да се извади телата на блиските. Градбите во кои работиме се огромни, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела, какошто кажаа овде властите, вели Коцев.
Посочува дека секој пожарникар спасител се надева дека и по толку дена од земјотресот ќе најдат некој живот под урнатите згради и ќе го спасат.
-Имаме ние уште надеж, се работи прецизно, попелака, за да не се повредат некои и се надеваме дека ќе спасиме уште некој човек, рече Коцев за МИА.
Во телефонскиот разговор за МИА посочува дека македонскиот спасувачки тим се сместени во шатори, во еден парк.
-На безбедно сме, обезбедени сме со храна и вода и сега за сега е добро, рече Коцев.
Тој истакна дека ова е најкастрофалниот земјотрес, градот Адијаман, кој има од 300.000 до 400.000 жители е разрушен, а какошто вели Коцев на сите страни има урнати објекти, домови, патишта. вдј /цр