• недела, 22 декември 2024

Штипска Педијатрија доби донација во апарати

Штипска Педијатрија доби донација во апарати

Штип, 20 август 2024 (МИА) - Монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови, се апарите кои денеска ги добија вработените на Педијатрија во Клиничка болница (КБ)-Штип, од страна на Здружението „Поради живот“ од Шпанија.  Директорот на КБ-Штип, Владко Захариев и медицинскиот персонал на денешното предање на донацијата упатија голема благодарност на претставникот на здружението, Берарди Вебија.

-Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал, исто така, на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет, вели Захариев.

Берарди Вебија од Здружението „Подари живот“ во Шпанија вели дека неговото мото е да помага на сите.

-Мене ми е чест што сум денеска во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со цел, за сите деца да можат да добијат вистинска дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои се потребни, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција, рече Вебија. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан