• петок, 20 декември 2024

Штипската „Пастрмалијада“ заврши, со продадени над 30.000 пастрмајлии само на штандовите

Штипската „Пастрмалијада“ заврши, со продадени над 30.000 пастрмајлии само на штандовите

Штип, 22 септември 2024 (МИА) - Заврши штипската „Пастрмалијада“, а угостителите според првичните проценки имаат продадено над 30.000 пастрмалјиии на штадновите, дополнително сите угостителски објекти беа отворени во изминатите два дена, каде се служеше познатиот штипски кулинарски бренд. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска во изјава за МИА вели дека како организатори се задоволни од посетеноста на манифестацијата, а програмата нудеше содржини за сите возрасти. На двете сцени во централното градско подрачје имаше музика и забава и за најмладите, но и за повозрасните.

-Во изминатите два дена се проценува дека манифестацијата ја имаат посетено од 40.000 до 50.000 луѓе. Годинава имавме нова локација и оценките кај граѓаните се позитивни. Новата локација ја избравме, бидејќи знаете дека Штип доби за првпат и шеталиште на познатата едносмерна улица или на улицата „Ванчо Прќе“, вели Јорданов.

Инаку синоќа на терен беа и инспектори од Управата за јавни приходи, кои проверуваа дали угостителите на штандовите им даваат фискални сметки. Пред да започне манифестацијата од УЈП упатија апел и ги информираа угостителите да си обезбедат мобилни фискални апарти за на штандовите. вдј/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан