• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипската Клиничка болница го одбележа Денот на здравјето

Штипската Клиничка болница го одбележа Денот на здравјето

Штип, 7 април 2025 (МИА) – Вработените во Клиничка болница Штип денеска го одбележаа Меѓународниот ден на здравјето под мотото „Здрави почетоци, надежна иднина“. На свечената седница беа доделени 43 нагарди, признанија и благодарници на вработени и пензионери од страна на раководството на болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев истакна дека акцентот на денешната седница која се одржа по повод Денот на здравјето, беше раѓањето на здрави бебиња.

-Клиничка болница- Штип традиционално секоја година има свеченост на овој дел и доделува награди и признанија на вработените кои имаат 10, 20, 30 и 40 години непрекинат стаж. Исто така се доделуваат и благодарници и свечено испраќање на пензионерите кои се пензионирани минатата година, имаме 22 славеници пензионери, 17 славенци со 10 години, со 20 и 30 години немаме, а со 40 години се четири, изјави Захариев.

Ивона Патраклиева главна сестра на Клиничка болница-Штип изјави дека во зависност од непрекинатиот работен стаж се доделија и наградите. Дваесет и двајца пензионери и четири лица кои работат по 40 години добија 200% од просечната плата.

-Наградите се различни, во однос на годините. За десет години е 50% од просечната плата, а за 40 години и за пензионерите е 200% од просечната плата, вели Патрaклиева.

Меѓу наградените пензионери е и Нада Давчева медицинска сестра која речиси четири децении работела во Клиничка болница- Штип. Работела на повеќе оддели, со различни возрасни групи пациенти, помагала и целосно се вложувала, со цел пациентите да го добијат она што го заслужуваат.

-Работев  на повеќе места, работев најпрво во селата, во Брза помош имам работено, ортопедија, гинекологија, инфективни болести, на уво нос и грло. Работевме со доста предизвици и во короната работев, вели Давчева.

Таа посочи дека иако работата е стресна и макотрпна, доколку  треба да бира повторно би избрала да работи како медицинска сестра. Сеќавајќи се на различни настани и случувања, предизивици со кои се соочувала, таа но и останатите вработени, Давчева децидна дека работата како медицинска сестра е благородна и треба да се работи со многу љубов. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан