Шпанската Амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид - Скопје
- Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.
![Шпанската Амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид - Скопје](https://new.mia.mk/images/20240603134859_big_730x400_45.webp )
Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.
На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници - „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска.
Програмата е составена од дела од македонски и од шпански композитори: Томислав Зографски, Вања Ѓумар Николовски, Дијана Имери Илкоска, Дамир Имери, Мануел де Фаља, Фредерик Момпу и Исак Албенис. Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера, наведуваат од Амбасадата на Шпанија во Скопје. вг/аа/
Фото: Амбасада на Шпанија, плакат