• недела, 22 декември 2024

Шпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир

Шпанија ја победи Франција во финалето на олимпискиот фудбалски турнир

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Шпанската машка фудбалска репрезентација го освои златото на Олимписките игри во Париз. Во финалето Шпанците вечерва го совладаа францускиот тим.

Во регуларното време натпреварот заврши нерешено - 3:3. Во продолженијата Шпанците погодија двапати за конечни 5:3.

Головите за Шпанија ги постигна Фермин Лопез (два), Алекс Баена и Серхио Камело кој погоди двапати во продолжението. 

За Франција погодија Енцо Мајо, Манес Аклиуш и Жан-Филипе Матета.

Во мечот за бронзениот медал, селекцијата на Мароко го совлада Египет со 6:0.

Шпанската репрезентација го освои олимпиското злато за прв пат по Игрите во Барселона во 1992 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан