• недела, 22 декември 2024

Шпанија одби да се произнесе за фудбалската Суперлига

Шпанија одби да се произнесе за фудбалската Суперлига

Мадрид, 9 февруари 2024 (МИА) – Шпанија е единствената земја – членка на Европската унија (ЕУ) која одби синоќа да ја потпише заедничката изјава за спорт која ја објави Франција, откако властите во Мадрид на тоа гледаат како напад врз фудбалската Суперлига, која Реал Мадрид и Барселона се обидуваат да ја заживеат како конкуренцијата на Лигата на шампиони на УЕФА.

Изјавата која ја објави француското Министерство за спорт ја потпишаа 25 членки на ЕУ.

Иако експлицитно не се споменува Суперлигата, во изјавата „се повикуваат спортските раководни тела да организираат спортски натпреварувања во согласност со принципите на отвореност, еднакви можности, спортски заслуги и поврзаност меѓу домашните и сите европски натпреварувања“.

Шпанскиот Совет за спорт ја оцени оваа изјава како напад врз Суперлигата и не го потпиша документот.

Во своето соопштение, шпанскиот спортски Совет наведе дека нивната Влада не сака да заземе формален став за Суперлигата сè додека шпанскиот стопански суд не донесе пресуда за случајот во кој поддржувачите на Суперлигата ја тужат УЕФА. Рочиштето е закажано за 14 март.

Во меѓувреме, Шпанија соопшти дека ќе предложи состанок на министрите за спорт на ЕУ на кој ќе се разговара за Суперлигата. ег/ 

ФОТО: Икс

Остани поврзан