• петок, 22 ноември 2024

Шпанија го освои првото издание на женската Лига на нации

Шпанија го освои првото издание на женската Лига на нации

Севилја, 29 февруари 2024 (МИА) - Светскиот шампион Шпанија ја продолжи доминацијата во женскиот фудбал, откако синоќа ја совлада Франција со 2:0 во финалето на првото издание на Лигата на нации.

Шпанките доминираа на натпреварот од почеток до крај, а Французинките создадоа само неколку шанси во првото полувреме. 

Добитничката на наградата за играч на годината за 2023 година, Аитана Бонмати ги доведе светските шампиони во водство во 32. минута, а Мариона Калдентеи ги постави конечните 2:0 во 53. минута.

Германија заврши на третото место по победата со 2:0 во малолетното финале против Холандија.

Така Германките, Шпанките и домаќините од Франција се трите европски селекции кои ќе играат на Олимпијадата во Париз.

Останатите селекции кои обезбедија пласман на фудбалскиот турнир на ЛОИ 2024 се: САД, Бразил, Колумбија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија. 

Последните две селекции кои ќе ја претставуваат Африка ќе бидат познати по олимписките квалификации на почетокот на април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан