• вторник, 26 ноември 2024

Шолц ја повика Кина да преземе поголема улога во помагањето на сиромашните земји со нивните должнички проблеми

Шолц ја повика Кина да преземе поголема улога во помагањето на сиромашните земји со нивните должнички проблеми

Берлин, 7 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ja повика Кина да преземе поцентрална улога во помагањето на сиромашните земји кои се соочуваат со должнички обврски. Шолц ja изложи оваа позиција и пред кинескиот претседател Си Џинпинг за време на нивната средба во Пекинг минатиот месец.

„Јасно е дека Кина, како еден од најголемите кредитори, генерално мора да игра поголема улога за да го намали товарот на долгот за најсиромашните земји на долг рок“, рече Шолц во говорот на Самитот за глобални одлуки, што се одржува во главниот град на Германија. .

Бројот на земји во должничка криза или кои се на работ тоа да станат е двојно зголемен во изминатата деценија, додаде германскиот канцелар.

Кина е еден од најголемите кредитори во светот, особено на економиите во развој, благодарение на огромните инфраструктурни заеми што Пекинг им ги дава.

- Растечките финансиски тешкотии во посиромашните земји стануваат проблем, особено во контекст на напорите за борба против климатските промени, рече Шолц. Според него, земјите од Г-20 создале рамка за реструктуирање на долгот, но досега само неколку земји покажале интерес за тоа.

Шолц, исто така, ги повика земјите во развој да се вклучат повеќе во можните мировни преговори за Украина.

- Колку повеќе земји како Кина, Бразил, Индија и други ѝ порачаат на Русија: „Доста! Оваа војна мора да заврши, Русија мора да ги повлече своите трупи“, толку е поголема шансата за мир во блиска иднина, рече канцеларот.

Тоа би ја зголемило веројатноста дека иницијативите поврзани со војната во Украина, како што се планираните јунски разговори во Швајцарија, ќе приближат до мирно решение, истакна Шолц. ссм/

фото: архива

Остани поврзан