• четврток, 19 декември 2024

Шолц: Западните земји ќе договорат нови санкции против Русија

Шолц: Западните земји ќе договорат нови санкции против Русија
Белград, 3 април (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА. „Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки. „А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се брани од руската инвазија“, рече Шолц. паг/    

Остани поврзан