• сабота, 16 ноември 2024

Шолц: ЕУ треба повеќе да инвестира во заедничката безбедност за никој да не се осмели да не нападне

Шолц: ЕУ треба повеќе да инвестира во заедничката безбедност за никој да не се осмели да не нападне

Берлин, 6 април 2024 (МИА) - Германскиот канцелар, Олаф Шолц повика на дополнителна западна поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, велејќи дека Германија нема да се колеба во поддршката за Киев.

Говорејќи на собирот на европските социјалдемократи во Букурешт, Шолц рече дека најдобриот начин да се спречи ескалација, вклучително и потенцијален конфликт меѓу Русија и НАТО, е она што тој го нарече ефективно одвраќање.

-Војната во Украина завршува во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин ќе одлучи да ја повлече својата војска. Сепак, тој ќе ја донесе таа одлука само ако сфати дека не може да ја добие војната на фронтот, рече германскиот канцелар, чија земја досега даде 28 милијарди евра воена поддршка за Украина.

-Затоа инвестираме повеќе во сопствената безбедност и како Европејци во заедничка одвраќање за никој да не се осмели да не нападне, рече тој. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан