Шмит и Руте во Брисел разговараа за безбедносната иднина на БиХ
- Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Брисел разговараа за ситуацијата во Западен Балкан и иднината на безбедносната политика за БиХ, соопшти Канцеларијата на високиот претставник.
Брисел, 3 јули 2025 (МИА) – Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Брисел разговараа за ситуацијата во Западен Балкан и иднината на безбедносната политика за БиХ, соопшти Канцеларијата на високиот претставник.
„Евроатлантскиот пат на БиХ е клучен за гарантирање на мир и стабилност“, изјавил Шмит на состанокот.
Тој ѝ се заблагодарил на Алијансата за нејзиниот важен и сигурен придонес за стабилноста на БиХ. ссм/
фото: архива