Шмит: Агресивната реторика и инциденти во БиХ водат до дестабилизација на мирот и безбедноста
- Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит ја осуди зачестената употреба на остра реторика и зголемување на бројот на инциденти во изминатите денови во различни делови на БиХ, што води кон д
Бања Лука, 14 јануари 2022 (МИА) - Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит ја осуди зачестената употреба на остра реторика и зголемување на бројот на инциденти во изминатите денови во различни делови на БиХ, што води кон дестабилизација на мирот и безбедноста, соопшти вечерва Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).
- Агресивната реторика и потези, без разлика од каде доаѓаат, со кои се повикува на насилство или ги враќаат темните слики од војната, предизвикуваат јавна загриженост низ целата земја и претставуваат неприфатливо однесување, предупреди Шмит.
Според него, секој во БиХ, без разлика на верска, културна или национална припадност, има право на безбедност во секој дел од земјата.
Шмит нагласи дека избраните власти во секој ентитет и во секој кантон имаат должност да обезбедат мир, а полицијата да го истражи секој инцидент што носи немир меѓу населението, како што се случи поради минатонеделните инциденти.
- Високиот претставник е благодарен на одговорните службеници, безбедносните сили и судството, кои работат на исполнување на оваа обврска, соопшти ОХР. гт/